×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово за 3 години потрошила близу 2 милиони денари за алкохол, кафе и чоколадни бонбони, објави Левица

    05.04.2022 14:23 | Сузана Николиќ

    Според податоците објавени на официјалната веб-страница,  Општина Куманово за своите потреби во последните 3 години од буџетот издвоила 1.941.680,00 денари или 31,572 евра народни пари за кафе, чај, освежителни пијалоци, алкохол, чоколадни бонбони и др., тврди Левица.

    Општина Куманово за 3 години потрошила близу 2 милиони денари за алкохол, кафе и чоколадни бонбони, објави Левица

    Според информација од партијата, Општина Куманово од 2019 до 2021 година, склучила договори за набавка на: 395 литри алкохол (виски, бренди, жолта лозова, трпезно црвено, трпезно бело), 940 килограми кафе арабика, робуста и еспресо, 110 килограми чоколадни бонбони со фин лешник, 160 килограми бадеми, лешници, фстаци, ореви од прва класа, 920 килограми шеќер, 1100 литри млеко, 880 кутии разновидни чаеви и др.

    „Во просек на годишно ниво потрошени се приближно 11 илјади евра пари на граѓаните во Куманово. Но, тоа не е се`. Имено, согласно Измената и дополнувањето на годишниот план за јавни набавки за 2021 година проценетата вредност за јавни набавки била корегирана во нагорна линија, со што од 11 илјади евра се зголемила на над 13 илјади евра без ДДВ. Ако се анализираат податоците одделно по години, ќе видиме дека најголема количина на алкохол била набавена во 2020 година, односно во време на корона кризата. Во таа година биле набавени дури 150 литри алкохол, што е за 35 литри повеќе од 2019 година“, соопшти Левица.

    Цената на бонбоните по килограм, во последните три години била зголемена повеќе од три пати или од 683,00 денари по килограм во 2019 година „пораснала” на рекордни 2.035,00 денари по килограм во 2021 година. Додека прва класа бадеми, лешници, ф’стаци, ореви во 2019 година биле купени по цена од 1.155,00 денари по килограм.

    „Останува да почекаме и да видиме овој „бонбона бизнис” колку ќе ги чини граѓаните во 2022 година. Ова е типичен пример на тоа како институциите не треба да се “расфрлаат” со народни пари. Ваквите непродуктивни и недомаќински трошења мора да престанат. Сметаме дека е потребно средствата на граѓаните да се вложуваат во корисни и продуктивни цели, во капитални инвестиции, во креирање на нови работни места, модернизација на застарениот капитал, создавање на човечки капитал итн., а се` со цел подобар животен стандард и подобри услови за живот за сите. Потребна е поголема одговорност и отчетност за тоа каде и за какви цели се трошат народните пари“, порачуваат од Левица.

    Со цел да дознаеме дали овие информации се точни испративме прашања до Општина Куманово, но до крајот на работното време не добивме одговор.