×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Липково стипендира дваесетина студенти

    27.06.2014 08:21 | KumanovoNews

    Дваесет и еден студент од општина Липково од почетокот на годинава добиваат месечна стипендија од 1000 денари од локалната самоуправа.

    Општина Липково стипендира дваесетина студенти

    Од општината велат дека се работи за студенти од социјално загрозени семејства и студенти кои се образуваат за дефицитарни занимања.

      - Осум од студентите се од факултети кои се сметаат за дефицитарни, а  останатите се од сиромашни семејства. Ова ни е прва година како е воведена оваа новина и така ќе продолжиме и во 2015 година. Целта ни е да им помогнеме на младите и да ги мотивираме да учат. Стипендиите редовно се исплаќаат и тие се задоволни од помошта која им ја дава општината - вели Џемаил Мемети, раководител на сектор за финансиски прашања.

    Најголем дел од младите во општина Липково се образуваат на Тетовскиот и Универзитетот “Свети Кирил и Методи“ во Скопје.