Мени

Општина Старо Нагоричане прогласи елементарна непогода

23.09.2015 13:23 | KumanovoNews

Општината Старо Нагоричане денеска на вонредна седница на Совет, прогласи елементарна непогода.

Општина Старо Нагоричане прогласи елементарна непогода

Формирана е комисија за проценка на штети, составена од девет члена, дел вработени во општината, а дел надворешни членови. До оваа комисија земјоделците кои претрпеа штети од невремето ќе можат да поднесуваат барања за проценка на штети. Викендов невремето со дожд и град го оштети родот во селата Стрезовце, Младо Нагоричане, Војник, Макреш и Канарево.