Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На продажба се 5 парцели наменети за изградба на трговски центар, хотел и фабрики за лесна и незагадувачка индустрија
Општината Куманово бара инвеститори за хотел, трговски центар и фабрики во економската зона во селот Речица. Пред три дена беше објавен јавен повик за продажба на државно градежно земјиште за изградба на стопански комплекс во селата Речица и Горно Којнаре. На продажба се 5 парцели со вкупна површина од 35 иљади метри квадрати, кои се наменети за изградба на трговски центар, хотел и фабрики за лесна и незагадувачка индустрија.
Почетната цена за парцелите за лесна и незагадувачка индустрија и хотелски комплекси изнесува 283 денари по квадрат, а за трговскиот центар 800 денари, иако првично беше промовирано дека ќе се продава по едно евро за метар квадратен.
Од Министерството за транспорт и врски ни ја одредија цената и ни рекоа дека имале грешка во предходните постапки за што ни се извинија. Цената на земјиштето се одредува по правилник според конпатибилноста на содржините. Ако се гради хотел, а покрај него и други пропратни содржини тогаш цената не е едно евро, туку се одредува средна цена. Така да трговскиот центар и хипермаркетот ќе се продаваат по 800 денари, а хотелот по 283 денари.- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Пријавите за учество во јавното наддавање треба да се достават до Општина Куманово до 5 декември годинава, по што електронски ќе се продаде земјиштето.