Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово ќе обезбеди простории во основното училиште „Бајрам Шабани„ за потребите на невладината организација „Резија„, која работи со децата со посебни потреби од Куманово и Липково.
Оваа организација обезбедува целодневен престој за 35 деца од албанска националност, помогната со проект на невладина организација од Словенија и со помош на донатори во државата.
Куманово има и чувство и сенс да помогне на своите сограѓани, кои имаат посебни потреби, и да им даде помош и подршка.Денеска потпишавме меморндум за соработка помеѓу сите субјекти вклучени во реализација на овој проект. Ние ќе обезбедиме услови за подобро функционирање на центарот, меѓутоа разговаравме и да почне да се работи на мултиетничаката соработка на овие организации како што е Порака-наша-рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Вакви дневни центри за потребите на хендикепираните лица, под закрила на „Резија„ има и во општините Чаир и Тетово. Претседателот на организацијата Бењамин Мемеди се заблагодари за подршката што им ја дава градоначалникот во решавање на нивниот најгорлив проблем.
Најголема помош во моментов ќе ни бидат просториите, бидејќи друга помош имаме од фондацијата Тугедар од Словенија, со што корисниците, децата со посебни потреби ќе бидат згрижени на најдобар можен начин. Ние имаме стручен тим кој се грижи децата да добијат целосна нега и помош во совладување на нивните пречки- вели Мемеди.
Тој вели дека нивната организација е подготвена да ги прими сите деца со пречки во развој независно од етничката припадност, но отако ќе се создадат подобри просторни услови. Словенечката фондација Тугедар обезбедува 21 илјада евра за проектите во Куманово, Чаир и Тетово со ветување дека донацијата во иднина ќе се зголеми.