Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите бездомни кучиња затечени на јавни прометни површини се во надлежност на Општина Куманово, меѓутоа локалната власт не е одговрна ако нападите се случат на имоти на правни субјекти или физички лица. Сите субјекти се должни според законот да склучат договор со соодветна Ветеринарна установа за да ги регистрираат или заловат и вдомат бездомните кучиња.
Бројката на пријавени каснувања од бездомни кучиња е константна, но не може општината да исплаќа отштета на поединци на кои несреќната случка се случила на површина која не е во нејзина надлежност.
„Во последно време имаме голем број на пријави, дури 11 каснувања во кругот на Општа Болница Куманово.Тоа е приватен имот на субјектот и тој треба да го реши проблемот или да ги сервисира граѓаните. Општина Куманово ниту може, ниту треба да исплаќа отштета на повредени граѓани кои биле нападнати на приватен имот, без разлика дали се работи за на пример некоја фабрика, училишта, болницата, на градските гробишта или во дворови на физички лица“, изјави Бобан Бојковски, раководител во Секторот за инспекциски надзор.
Тука и законот е дециден и во него стои дека сите правни и физички лица по член 27 став 1 од закон за Заштита и благосостојба на животни, доколку во своите објекти и дворни места имаат бездомни и нерегистрирани кучиња должни се да склучат договор со соодветна Ветеринарна установа да ги регистрираат или заловат и вдомат
Воедно ги повикуваат граѓаните доколку имаат забележано кучиња кај правни и физички лица во нивните имоти, да пријават кај надлежниот официјален ветеринар заради инспекциски надзор.
Општина Куманово и Комунална инспекција, согласно програмата за решавање на проблемот со бездомни кучиња на подрачјето на општина Куманово и Закон за заштита и благосостојба на животни член 28 став 1 општината е надлежна да врши собирање на бездомни кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња, доколку ги затекнат на јавни површини, без присуство на сопственик и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.