×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината тврди дека нема злоупотреби со службените 562 мобилни линии, по објавата на Левица

    27.05.2022 11:18 | Сузана Николиќ

    Договорот за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги важи за повеќе субјекти од општинска администрација, членови на Советот на Општина Куманово, 17 општински основни и 5 средни училишта, 6 општински јавни претпријатија, 4 општински установи и 35 за територијална противпожарна единица, стои во одговорот на градоначалникот Максим Димитриевски, по објавата на партијата Левица дека Oпштината потпишала договор за 562 службени телефони во износ 153.500 илјади евра, што е пример за непродуктивни трошоци на штета на граѓаните. 

    Општината тврди дека нема злоупотреби со службените 562 мобилни линии, по објавата на Левица

    „Наведените линии се користат за функционирање на Општинскиот кризен штаб, за пријавување на дефекти на улично осветлување, како и за дефекти во јавните претпријатија, за обезбедување помош на социјално ранливи категории на граѓани, за користење на бесплатен интернет на јавно-прометни површини во Куманово“, објаснува Димитриевски. 

     Од Општината тврдат дека договор за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги во износ од 9.440.000 денари се однесува за период од 2 години и тоа од септември 2020 година до септември 2022 година. Тој е рамковен и не значи дека наведениот износ треба целосно да се искористи, дотолку што можноста за зголемувањето на претплатнички линии за 20 отсто не е искористена. Доколку се надмине вредноста на месечната претплата, се одбива од личните сметки на корисниците.

    „Составен дел на Договорот е и обврската на операторот да обезбеди субвенции за Општината за користење на секоја поединечна телефонска линија, со која Општина Куманово ги има искористено и има обезбедено
    информатичка опрема-лап топ компјутери, за потребите на општинските основни училишта, со цел да се обезбеди непречено одвивање на on line настава. Направена е групна набавка се со цел да се добијат цени, кои се поповолни за да се заштитат интересите на граѓаните за да се одвојат помалку средства од буџетот на Општина Куманово за исплата на средства за телефони, со што е добиена најниска цена за поединечна претплата од 330 денари месечно“, стои во одговорот.

    „Согласно погореизнесеното, целосно ги отфрлам обвинувањата на партијата Левица за постоење на било каква злоупотреба на парите на граѓаните од буџетот на Општина Куманово“, вели Димитриевски.

    Левица објави дека Општина Куманово потпишала договор за 562 службени телефони во износ 153.300 илјади евра, а најмногу линии имаат ЈП „Водовод“ и ЈП „Чистота и Зеленило“ за 100 броеви, 59 броја има општинската администрација, 53 линии ЈП „Куманово-паркинг“.