×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општините да ги објавуваат ревизорските извештаи

    16.09.2011 13:08 | KumanovoNews

    Завршната конференција на проектот "Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење на единиците на локална самоуправа", денеска се одржа во Куманово. 

    Општините да ги објавуваат ревизорските извештаи

    Со проектот биле опфатени општите капацитети на локалната самоуправа, отчетноста и одговорноста во работењето, работата на Советот на општините, секторите за финансии, урбанизам и за јавни набавки.

    "Генерален впечаток што го имаме е дека општините треба на официјалните веб страни да ги објавуваат и ревизроските извештаи, бидејќи тие ги покажуваат слабите страни кои во иднина треба да се отстранат. Конкретно за Општината Куманово се јавува потреба граѓаните електронски да ги пријавуваат проблемите. На почетокот од реализацијата на проектот, општината немаше  веб страна. Сега овој проблем е надминат и страната е богата со корисни информации за граѓаните "- вели Борјанчо Мицевски од Центарот за одржлив развој.

    Како позитивна страна од работењето на општина Куманово е доброто менаџирање со имотот, располагање со финансиски средства, а прибирањето на даноците е на високо ниво.

    Дија Арифи, раководител на одделението за урбанизам при општина Липково, вели дека сугестиите кои беа истакани на конференцијата, а се однесуваат на презентирање на информациите за граѓаните се лесно применливи во пракса, не бараат големи финансиски средства, но за нивна примена е потребна политичка воља на градоначалниците, исто како и на администрацијата.

    Советникот од Општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска кажа дека граѓаните од оваа рурална општина единствено можат да присуствуваат на седниците на Советот, бидејќи во Општината не постојат локални медиуми кои би ги пренеле информациите до жителите.

    Проектот "Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење  на Единиците на локална самоуправа" финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој - SDC.