Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Министерството за труд и социјална политика ги повикуваат поголемите општини, кои имаат потреба од градинки, да предложат локации за изградба на приватни детски градинки.
Од МТСП велат дека на инвеститорите кои сакаат да градат приватни детски градинки во Скопје и во поголемите општини, ќе им понудат атрактивни локации, со почетна цена од 1 евра по метар квадратен со намалени комуналии за 95 отсто за разлика од минатото.
“Во моментов се утврдуваат локации во Скопје, а потоа ќе се утврдат локации и во останатите поголеми градови во Република Македонија, таму каде што е искажана потреба од локации со ваква намена. Општините треба да имаат поактивна улога бидејќи тие се надлежни“-вели Марјан Гијовски, портпарол на МТСП.
Со приватните детски градинки ќе се зголемат капацитетите за згрижување на деца, како и бројот на работни места. Во 20 приватни градинки отворени во изминативе неколку години, работат над 150 лица.