Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На централната прослава по повод празникот Илинден, во меморијалниот центар Пелинце, каде свое обраќање ќе има премиерот Никола Груевски, ќе се приклучи и делегација на локалната самоуправа Куманово и Советот на Општината.
Општината Куманово и годинава е вклучена во протоколот на централната прослава. Како општинска делегација ќе положиме цвеќе на споменикот на АСНОМ. Градоначалникот Зоран Дамјановски ќе биде во партиската делегација на СДСМ заедно со неговите колеги од Струмица и Карпош, додека општинската делегација ќе ја предводи преседателот на Советот Виктор Цветковски, а во неа ќе бидат и секретарот на општината Валентина Алексовска и шефот на кабинетот на градоначалникот Сунаи Мустафа- вели портпаролот Мартин Костовски.
Официјалната програма ќе започне во 13 часот, а свое обраќање ќе има премиерот Никола Груевски. По завршување на официјалниот дел ќе следува народен собир, каде се очекува да се приклучат голем број на граѓани од Куманово.