Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската администрација релативно брзо одговара на барањата на граѓаните, покажал мониторингот на невладината ДРОМ спроведен во 2013 и 2014 година.
Мониторингот е дел од проектот “Јас имам право да сум информиран“, кој го спроведува ДРОМ во партнерство со локалната самоуправа. Целта на проектот е да се подобри комуникацијата помеѓу граѓаните и јавната администрација.
“Имаме направено мониторинг во сите сектори на општина Куманово, во однос на поднесени барања од страна на граѓаните во период од април 2013 до октомври 2014 година. Сите вработени беа транспарентни во однос на увидот на барањата кои ги имаат добиено од граѓаните. За претходниот период имаат од 50 до 100 барања на кои одговориле навремено од 7 до 14 дена“ - вели Донка Петровска од ДРОМ.
Од невладината подготвија цд со упатство за граѓаните, за тоа како да поднесат барање за да добијат информација од јавен карактер.
“Ова е за мене нешто ново. Добивме многу информации и ќе пренесам во мојата заедница. Јас ќе се погрижам да ги информирам граѓаните за процесот“ - рече Мерџан Демирали од невладината “Англунипе“.
На јавната расправа организирана од ДРОМ присуствуваа претставници од установи, училишта, невладини организации и други.