Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу педесетина пациенти месечно бараат помош во двете ординации за орална хирургија во Куманово. Покрај пациентите од Кумановскиот регион, амбулантите ги опслужуваат и жителите од Кратово и Крива Паланка, исклучиво со упат од матичните стоматолози.
- Ние имаме по триесетина интeрвенции месечно, што претставува доста голем процент на пациенти што имаат потреба од нашите услуги. Се што не може конзервативно да се сработи од матичните стоматолози, ние го решаваме хируршки. Обемот на работа е доста голем и понекогаш пациентите се нестрпливи кога ќе им се каже дека треба да почекаат најмалку две до три недели, но ние настојуваме на сите да им излеземе во пресрет. Итните случаи имаат приоритет и секогаш се дел од редовната програма за интервенции - вели др.Весна Ангеловска.
Опално-хируршките амбуланти имаат склучено договор со Фондот за здравство и работат со плави картони, а пациентите партиципираат само одреден процент.
Двете амбуланти се наоѓаат во Школскиот диспанзер и работат во смени за да ги задоволат потребите на граѓаните.