Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осмомартовски попусти и изненадувања за припадничките на понежниот пол, но и за сите кои сакаат да купат уникатен подарок, нуди специјализираниот салон за очила, oптика „Стил“, во Трговскиот центар „Сума“.
Во салонот е пристигната новата колекција на сончеви очила од светките познати брендови, но и рамки за очила за вид, кои можат да бидат идеален подарок за вашите најблиски. Сите производи се по поволни цени, прилагодени на купувачите.
„Во пресрет на Денот на жената - 8 Март, но и почетокот на новата сезона имаме специјални попусти на очила за сонце, а цените на рамките и стаклата за диоптриски очила како и секогаш се најповолни во градот“, велат од оптика „Стил“.
Оптика „Стил“ секогаш е во чекот со времето и со новите трендови, па и за оваа сезона нуди брендирани очила за сонце, а врши и монтажа и сервисирање на диоптриски очила и за купувачите со најистанчан вкус. Станува збор за внимателно одбраните производи со проверен квалитет, по најстрогите критериуми на струката и естетиката.
„Нашите производи се истовремено практични и модерни. Во широката палета на очила за сонце имаме: класични, дискретни, маркантни, модерни, трендовски, со квалитетно заштитно стакло за сонце, за сите вкусови и за сечиј џеб“, - велат сопствениците.
Од оптика „Стил“ ве покануваат да ги посетите и да си одберете убави очила за себе или подарок за саканите, воедно да се уверите во нивната стручност и професионалност, како и беспрекорната и брза услуга.
Во специјализираниот салон се врши компјутерско одредување на диоптрија, без надомест.
Гледајте го светот со квалитетни очила од оптика „Стил“, порачува тимот од оптика „Стил“!
Информации на тел. 075/ 910 830.
(комерцијален текст)