Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За празникот на жената 8 - Март, златарница Фиоре подготви специјални попусти и подароци за своите потрошувачи.
На колекцијата на сребрен накит се одобрува попуст од 15 до 50 отсто, на часовниците попустот е 30 отсто, додека за секоја сметка над 1000 денари следува подарок.
„По повод Денот на жената-8 Март со сметка над 1.000 денари подаруваме сребрена алка. Количините се ограничени, затоа ги повикуваме нашите редовни клиенти и сите кои сакаат да одберат убав подарок за своите сакани и најблиските, да не посетат. Имаме накит за подароци за секој вкус и за сечиј џеб “, порачуваат од Фиоре.
Во широкиот асортиман може да се најде најразличен традиционален и модерен накит, пред се прстени, ѓердани, алки, обетки и часовници.
Во златарниците на Фиоре, може да се купи и накит со емералд - каменот на успешната љубов.
Се работи за скапоцен камен со живописна зелена боја, кој е симбол на мирот, инспирацијата, новите почетоци и растењето.
Смарагдите отсекогаш биле сакани од кралските семејства во светот. Се користат за украсување на прстени, ѓердани, нараквици и круни на кралските семејства и културните лидери. Тие биле ценети од индиските шахови, ги има во накитот на руската круна и во британската кралска колекција.
Низ вековите, за смарагдите се поврзувале секакви мистични асоцијации. Се сметале дека нивното носење може да помогне во заштитата од губење на меморијата, а нивната прекрасна зелена нијанса да доведе до асоцијации со изобилство - без разлика дали тоа е во природата или финансиите, се врзува и за божицата на љубовта и убавината Венера.
Салоните на Фиоре се наоѓаат на ул. Гоце Делчев, во деловниот објект пред т.н. Уред.
(комерцијален текст)