×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Основците во училиштата да не носат маски, препорача Комисијата за заразни болести

    16.03.2022 13:05 | Сузана Николиќ

    Учениците во основните училишта да се ослободат од обврската да носат маски на училиште за заштита од ковид-19, но тоа да не важи за наставниците и техничкиот персонал, препорача денеска Комисијата за заразни болести. 

    Основците во училиштата да не носат маски, препорача Комисијата за заразни болести

    Претседателот д-р Александар Петличковски рече дека оваа препорака нема да биде задолжителна и ако некое од децата сака, може да продолжи да носи маска.

    Исто така, донесена е препорака за зголемување на капацитетот на исполнетост во затворените објекти како опери, театри, кина и друго од 50 на 70 проценти. А третата препорака е укинување на сертификатите за вакцинација или прележан коронавирус за посета на угостителски објекти на отворено.

    Препораките ќе бидат доставени до Главниот кризен штаб и од таму на Влада, за да бидат донесени во најкус можен рок.