Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од повеќе училишта во придружба на полицијата како дел од проектот “Безбедни училишта“, беа во посета на Општината Старо Нагоричане.
По тој повод беше организирана видео презентација, драмски точки и пригодна програма во ОУ“Светозар Марковиќ“.
Безбедни училишта не се создаваат сами од себе, нив ги создаваат луѓе посветени на овозможување на позитивни односи и средини исполнети со почит - изјави градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Тој е покровител на настанот, а децата имаа можност да го посетат манастирот Свети Ѓорѓи и опсерваторијата Кокино. Учениците од различни националности претходно биле во Липково и се задоволни од она што успеале да го научат. Проектот “Безбедни училишта“ се спроведува за да го намали асоцијалното однесување кај младите.