19. 11. 2020 09:22

Осоговските планини прогласени за заштитено подрачје – заштитен предел

Осоговските планини прогласени за заштитено подрачје – заштитен предел

Осоговските планини стануваат првиот заштитен предел - заштитено подрачје од категорија V, со одлуката на Владата.

- Разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и други вредности, природни убавини, културното наследство како и вековната интеракција помеѓу човекот и природата ги прават Осоговските планини особено вредни за зачувување, - информираат од Општина Крива Паланка.  

Вкупната површина на заштитен предел – Осоговски планини изнесува 48807,16 хектари, a со него ќе управува Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Процесот за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје се води во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем од Скопје. Локалната експертиза во процесот е на Македонското еколошко друштво – МЕД, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање – МЖСПП.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk