×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Останаа слободни места во сите средни училишта

    24.06.2015 13:06 | KumanovoNews

    По првото пријавување од првиот уписен рок, во сите средни училишта во Куманово има слободни места.

    Останаа слободни места во сите средни училишта

    Во Гимназијата “Гоце Делчев“ се примени 246 ученици, а остануваат уште 94 слободни места. За второто пријавување на 29 и 30 јуни, бројот на поени останува ист и ќе се примаат ученици со 60 поени, а намалување на критериумите ќе следи за во август.

    Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ се примени 30 ученици, а слободни места има за сите профили.

    “Пријавени беа 30 ученици и сите се примени. За второто пријавување од првиот уписен рок поените за упис се намалени за 5 и очекуваме да се пријават и запишат повеќе ученици“ - вели Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

    Во “Перо Наков“ се запишани 76 ученици, и кај нив има слободни места за сите струки.

    “Има голем интерес за економските струки, посебно за деловен секретар. Многу од учениците кои се одбиени се на граница и штом ќе се намалат поените, ќе исполнат услови за запишување. За во второто пријавување ќе се намалат поените за 5 за текстилно кожарските струки, а за економските струки намалувањето ќе биде за во август“ - рече Лидија Тасевска, директорка на “Перо Наков“.

    Во “Наце Буѓони“ се примени вкупно 254 ученици, што значи дека остануваат 430 слободни места. Комисија ќе одлучува за намалувањето на поените за техничките струки, додека за намалување на поени за прием во медицинската струка потребна е согласност од МОН.