×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Остануваат отворени границите со Србија и Косово

    03.07.2020 12:45 | KumanovoNews

    Владата нема добиено предлог од Комисијата за заразни болести, за затворање на границите со Србија и Косово.

    Остануваат отворени границите со Србија и Косово

    Како што рече претседателот на Владата, Оливер Спасовски, бидејќи немаат донесено нова одлука, на сила останува старата.

    „Ова не е прашање на политиката, затоа Владата не може да носи одлуки кои би биле политички. Ние сакаме да носиме одлуки како што ги носевме и досега врз основа на стручните луѓе, епидемиолозите.  Ако се согледа било каква потреба за било каков начин да се преземаат некои мерки дури тогаш ќе разговараме на Влада и ќе ја носиме таа одлука. Ако немате донесено нова одлука, ние немаме, тогаш важи старата", рече Спасовски, при посетата на Чучер Сандево.

    Поради новонастанатата состојба со коронавирусот, во соседните земји, овие денови се зголемија рестриктивните мерки.