Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Централниот одбор на СДСМ синоќа констатираше дека со поднесената оставката на претседателот Зоран Заев од челната функција во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори.
„ЦО донесе одлука за распишување и спроведување на внатрепартиски, непосредни избори за претседател на партијата. Изборите ќе се одржат на 12 декември во недела. Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае седум ден, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно статутот на СДСМ“, велат од СДСМ.
Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. Активната регистрација започнува утре и ќе трае седум дена за што соодветно ќе информираме.
По изборот на претседател, следува избор и на ново раководство на партијата.