×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осум ипол години затвор оти ја икасапил сопругата

    28.03.2014 10:11 | KumanovoNews

    Мартин Додевски (29) од Ајдучка Чешма, во Основниот суд Куманово, осуден е на 8,5 години затвор затоа што лани се обидел да ги убие неговата сопруга и нејзината мајка.

    Осум ипол години затвор оти ја икасапил сопругата

    Додевски ќе одговара за три кривични дела: две убиства во обид и нанесување на телесна повреда.

    Според обвинението, Додевски со умисла сакал да ги убие двете жени во февруари минатата година, откако неговата сопруга Александра му соопштила дека ќе се врати да живее кај нејзините родители, затоа што не може да ги поднесе неговите малтретирања. Кога жената се вратила во родителскиот дом во населбата Добрешане, Мартин отишол по неа и со нож и нанел 23 убоди по телото. Нејзината мајка Лидија се обидела да го спречи и да му го одземе ножот, при се здобила со повреди по рацете. Откако ја извршил крвавата пресметка побенал, а ден потоа бил пронајден кај свои роднини во Скопје.

    Мартин од порано имал пријави за загрозување со опасно орудие при тепачка и караница, прикажување на порнографски матерјал на малолетник и тешка кражба.