Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца полицајци на граничниот регион Север довиле отказ затоа што сториле кривични дела, а еден полицаец од Куманово е парично казнет.
Раководител на смена во полициска станица на граничниот премин Пелинце, изречена му е мерка „отказ“ затоа што сторил кривично дело.
Полицаец од полициската станица Сопот останал без работа бидејќи сторил кривично дело.
Мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за четири месеци, му е изречена на полицец од СВР Куманово затоа што употребил исправа со невистинита содржина.
Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во МВР поради сторени повреди во работењето од Колективниот договор. Притоа, на седум вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „писмено предупредување“, на еден вработен, мерка – „распоредување“ и на тројца вработени, мерка - “отказ“.