Откриени два случаи на криумчарење мигранти
20.10.2024 08:48
| KumanovoNews
Три лица се приведени поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Во два одвоени случаи, едниот во Куманово другиот во Делчево, во камион и автомобил, пронајдени се 10 мигранти.
Во првиот случај приведени се две лица од Делчево кои со две патнички моторни возила превезувале шест мигранти - тројца од Мароко и тројца од Тунис.
Во вториот случај, на бензинска пумпа во Куманово во товарно моторно возило марка „Даф“ со приколка, со српски ознаки, биле откриени четири лица мигранти – две од Индија и по едно од Сиера Леоне и од Сирија.
Согласно насоките на надлежното обвинителство се работи на расчистување и на овој случај.

