×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен фестивалот Денови на комедија во Куманово

    29.09.2020 09:35 | KumanovoNews

    Со претставата „Меѓуигри 0-24“ на босанскиот актер Зијах Соколивиќ, синоќа беше отворен Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Отворен фестивалот Денови на комедија во Куманово

     - Оваа година прашањето беше шекпировско дали да се одржи фестивалот или не, меѓутоа по добиените протоколи решивме да го оддржиме овој фестивал. Претставите беа претходно договорени изминативе два месеца, така што очекуваме успешен фестивал со запазување на сите мерки, протоколи, -изјави директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски.

    Фестивалот го отвори градоначалникот Максим Димитриевски, кој истакна дека Куманово е град кој им пркоси на сите презвиц, па и сега во време на здравствена криза успеја да се организира и да не дозволи да се прекине традицијата на фестивалот.

    - Ова е еден од ретките настани кој не обединува како граѓани од сите аспекти. Во Куманово овие денови нема политика, сите живеат да ги проследат претставите, - изјави Димитриевски во своето обраќање.

    Оваа година програмата е скратена, но во наредните десетина дена публиката ќе има можност да ужива во претстави од театри од државава, Србија и Бугарија.

    Утре ќе биде прикажана претствата „Фанови“ во продукција на „УГД“ Штип, потоа Театар „Антон Панов“ од Струмица, со претствата „Секс, лаги и љубомора“, Театарско друштво „Маскарад“ Софија со претствата „Не се клади на Англичани“ во режија на Владлен Александров, Театар комедија Скопје, со „Човек, ѕвер и доблест“, Театар „Славија“ – Белград, Србија со „Женски разговори“ и домаќините Театар Куманово со претствата „Солдат“.

    Поради мерките за заштита од коронавирус, во салата можат да присуствуваа само 100 посетители. Картите не се пуштени во продажба туку ќе се поделат бесплатно со онлајн пријавување на страницата на Центарот за култура на денот на претставата во одреден временски рок, кој ќе го одреди организаторот.

    Фестивалот годинава се организира по 23 пат.