×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2022“

    20.07.2022 12:58 | Сузана Николиќ

    Во присуство на голем број на љубители на фолклорот, но и на бројни учесници од културно-уметничките друштва и ансамбли од Македонија, Србија, Бугарија, Мексико и Полска, синоќа на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, беше отворено третото издание на Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2022“.  

    Отворен меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2022“

    Куманово оваа година е е домаќин на 10 фолклорни друштва, кои го најавија почтеокот на фестивалот со дефиле низ градските улици.

    Фестивалот го прогласи за отворен Александар Гелевски, секретар на Општина Куманово. 

    На првата фестивалска вечер настапија домаќините, КУД „Панче Пешев“ од Куманово, а потоа следуваат настапите на: Ансамбл „Словјанки“ од Краков, Полска, Студио „Блажевски“ од Скопје, Ансамбл „Варна“ од Бугарија,  КУД „Иво Лола Рибар“, Белград, Србија и првата вечер ќе ја затвори Фолклорниот ансамбл „Алијанса“ од Мексико.

    Вечерва, екслкузивен настап ќе имаат учесниците од: КУД „Бајрам Шабани“ од Куманово, Ансамбл „Варна“, Фолклорно студио „Етнос“ од Скопје, Ансамбл „Словјанки“,  Фолклорниот ансамбл „Алијанса“ и  КУД „Иво Лола Рибар“.

    Утре вечер на последната вечер ќе се претстават: КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово,  Фолклорниот ансамбл „Алијанса“, КУД „Иво Лола Рибар“,  Ансамблот „Словјанки“ и Ансамбл „Варна“.

    Концертите почнуваат во 19.30 часот.

    Фестивалот е во организација на КУД „Панче Пешев“ Куманово и МКЦ „Козјак“, а со поддршка од Општина Куманово и Министерството за култура.