Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со прикажување на францускиот филм "Луѓе и богови" од режисерот Гзавие Бовоа синоќа започна манифестацијата "Кумановско културно лето 2011". Во Младинскиот културен центар "Козјак" на отварањето на филмска ревија на француски филмови присуствуваше амбасадорот на Франција во Македонија, Жан Клод Шлумберже и градоначалникот Зоран Дамјановски.
"Посебна чест ми е што културното лето во Куманово се отвара токму со францускиот филм. Со градоначалникот заклучивме дека француската култура треба почесто да биде присутна во овој град. Што се однесува до кинематографијата, Франција има посебно реноме и големо искуство и затоа француската култура треба да се промовира и во останатите градови на државата"- рече амбасадорот .
До крајот на неделата ќе бидат прикажани филмовите "Анонимни емотивци" од Жан Пјер Америс,босанскиот филм "Оставени " од Адис Бакраш,словенскиот филм "Пиран Пирано"од режисерот, Горан Војновиќ,филмот "Источни игри" од бугарскиот режисер Камен Калев како и македонскиот филм "Тајната книга" од Владо Цветановски.
Проекцијата на филмовите е во 20 часот, а влезот е бесплатен.
На отварањето на манифестацијата градоначалникот најави богати содржини на "Кумановско културно лето 2011",со ликовни колонии, фестивали, концерти, литературни читања и промоции на книги.