×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложба на слики на традиционални носии од Балканот

    21.08.2020 11:42 | KumanovoNews

    Пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денеска беше отворена изложба на слики на традиционални носии од Балканот, во организација на Ансламблот Македонија. Изложбата ќе биде отворена до наредниот петок од 9 до 15 часот.

    Отворена изложба на слики на традиционални носии од Балканот

    Преку сликите се претставени социјални статуси на млади девојки, невести од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век. Прикажани се единаесет слики на носии од Србија, Бугарија и Хрватска, поточно од Хрватска се прикажани слики од пределите Конавле, Славонија и Посавина, од Бугарија од Црна Трава, Пчиња и од Самокор, а пак претставена е и една слика од Босна, една од Црна Гора и една од Гњилане.

    „На сликите можат да се забележат сличности и разлики со македонските традиционални носии, од неколку етнички предели. Поточно од пределот пред Пчиња, бидејќи етничкиот предел Пчиња е многу поврзан со пределите Средорек, Жеглигово и Славиште. Така што откако ќе забележиме некои делови од носиите од етничкиот предел Пчиња и етничкиот предел Средорек ќе видиме дека некогаш тоа во минатото биле поврзани. Исто така од друг предел ни доаѓа од Црна Трава, која веќе е граница помеѓу Бугарија, Србија и Макeдонија и ако ги следиме обликовните елементи ќе забележиме дека црните фустани се приближно исти како со фустаните од Пчиња и Средорек. Значи, станува збор и дека Црна Трава заедно со Дурачка река и со етничкиот предел источен дел на Славиште некогаш во минатото било еден заеднички предел“ вели етнокореологот Дени Синадиновски од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Целта на изложбата е да се престават традиционалните носии на балканот и пред кумановската јавност.

    Изложбата на слики на традиционални носии на Балканот започна со промовирање во Центарот за култура во Гевгенија, Центарот за култура во Неготино, во Битола, денеска е во Куманово, а потоа ќе продолжи во Кавадарци, Охрид и други културни центри во државата.

    Ансамблот Македонија постои осум години, а ја истражува традиционалната македонска култура. Изминатите неколку годни започна со реализација на проекти за истражување на Балканот.

    (Ф.Марковска)