Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изложбениот салон на Центарот за култура отворена е традиционалната изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ на Фото кино клубот Козјак од Куманово.
Изложбата се одржува по 16-ти пат, а публиката можеше да види 50-тина фотографии од автори од земјата и странство.
„Изложени се најуспешните фотографии на Фото кино клуб „Козјак“ од Куманово од претходната година, но и делата создадени од ученици на Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово. За средношколците доделивме и дипломи за вложениот труд и успех, како и благодарници на компании кои редовно пружаат поддршка во работењето на клубот“, истакна Милош Нешковски, претседател на клубот.
Тој додава дека нивните манифестациите имаат за цел да го презентираат и надополнат естетскиот сенс за уметничката фотографија и филм, кој го градат 76 години.
Во рамките на изложбата е претставена и изложбата „Блиски средби“ на членовите на Фото клубот „Лесковац“ од Србија. Пред отворањето на изложбата беше потпишан договор за збратимување на двата клуба, кој ќе ја прошири меѓуграничната соработка.
На отворањето настапи КУД „Српски вез“ од Куманово.
Покровители на изложбата се Општина Куманово, НУЦК Трајко Прокопиев, долгогодишните соработници К-Нет и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.