Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синоќа пред кумановската публика беше отворена изложбата на слики на уметникот Трајко Тошевски од Куманово.
Мотивите на изложбата се земени од природата, кои успеал да ги трансформира преку својата повеќегодишна творечка активност, претставувајќи ги на публиката во вид на едно сликовно писмо односно уметноста е сведена на знакови и симболи. Самите слики наликуваат на едно пиктографско писмо кое говори за едни современи пристапи на стилизација на самата ликовна уметност. Оваа изложба ќе се претстави и на прилепската публика и во уште неколку градови од Македонија-рече Роберт Цветковски.
Автор има преку дваесетина самостојни изложби. Сликарството што вчеравечер го претстави пред љубителите на уметноста е само продолжение на неговото започнато творење уште од пред дваесетина години.