×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата „Скици 2014“

    20.09.2014 11:00 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата на цртежи “Скици 2014“.

    Отворена изложбата „Скици 2014“

    Биеналната изложба се состои од дваесетина цртежи изработени од девет академски сликари од Куманово. Кумановската публика ќе може да ги погледне делата на Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Александар Симоновиќ - Симо, Марија Величковска, Дејан Арсовски - Бабата, Зоран Арсовски - Бабата, Далибор Крстевски и Наташа Петковска.

    „Се работи за слободен избор на уметниците кои сами ја избираат темата и техниката со која се преставуваат. Можам да кажам дека годинава, преовладува комбинираната техника.  Обично се работи за пастел како носечка техника, користење на темпера, туш па дури некои уметници преферираат вметнување на готови материјали"- изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност во Центарот за култура.

    Биеналната изложба "Скици" се оддржува од 2006 година па наваму. Секоја година бројката на уметниците кои учествуваат е различна и се движи од 6 до 10 академски сликари.

    Организатор е Центарот за култура "Трајко Прокопиев", а изложбата се реализира со поддршка на Министертвото за култура.

    Изложбата „Скици 2014“  ќе гостува во Струмица, Штип, Битола и Кавадарци.