×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата „Зебарњак„

    01.07.2011 13:40 | KumanovoNews

     Во хотелот Лав, синоќа беше отворена изложбата на слики од ликовната колонија „Зебарњак„. Дваесетина дела, главно масло на платно на уметници од Македонија и Србија беа претставени пред граѓаните.

    Отворена изложбата „Зебарњак„

    Присутните ги поздрави, и на уметниците им се заблагодари Живка Христовска, претседателка на невладината организација „Коло на српските сестри„, која ја организираше првата колонија.

    Со сретствата кои ќе ги обезбедиме од продажбата на делата, сакаме да изработиме фреска на Богородица во споменикот Зебарњак. Таа фреска постоле порано и била изработена пред војната од Коло на српските сестри. Наша идеја е фреската да ја оновиме откако споменикот ќе се реновира. Тоа е нашата основна цел, а останатиот дел од приходот од продажбата на сликите ќе го намениме во хуманитарни цели - рече Христовска.

    Изложбата ја отвори конзулот во амбасадата на Република Србија во Македонија Драгица Јањиќ, која посебно ја истакна работата на членките на „Коло на српските сестри„ во зацврстување на културната соработка на двете земји.

    Мене ми е драго што оваа колонија е една од низата манифестации кои се организираат по повод празникот Видовден. Културна соработка на две земји најлесно се воспоставува, а најмногу трае. Оваа колонија дава можност да се  зајакнат врските кои ги спојуваат нашите земји, а да се потиснат оние што не раздвојува- изјави Јањиќ.

    На колонијата „Зебарњак„  учествуваа 9 уметници од Куманово, Скопје, Ниш и Врање, а организаторите посебно се заблагодарија на уметникот Гоце Божурски за несебичната помош при изборот на уметници, и подршка во организацијата на колонијата.Колонијата е подржана од Министерството за култура на Република Србија и градоначалникот на општината Старо Нагоричане.