×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена ликовната колонија Карпино

    10.07.2014 07:36 | KumanovoNews

    Четиринаесет уметници од Македонија, Бугарија, Србија и Белгија, една недела ќе учествуваат на меѓународна ликовна колонија "Карпино 2014", кој по дванаесети пат ја организира здружението Карпино.

    Отворена ликовната колонија Карпино

    Оваа година уметниците ќе творат во комплексот Грација, наместо во манастирот Каприно.

     Манастирскиот комплекс Карпино е запуштен и таму нема услови за престој на уметниците. Тие ќе го посетат манастирот во сабота и ќе добијат инспирација за нивните дела. Ќе организираме посети и на други познати локалитети во градот се со цел да се создаде комплетна слика за нашиот регион. Оваа година очекуваме уметниците да создадат над 40 уметнички дела,- вели Зоран Павловски, претседател на Мултимедијалниот центар "Карпино"

    Уметниците се задоволни од приемот на организаторите и очекуваат добро дружење и плодна продукција.

    За првпат учествувам на колонијата Карпино, а сум учествувала во Пелинце. Покрај тоа што ќе се дружиме со колегите, ќе имаме можност и да размениме концепти. Јас пред еден месец имав изложба на графики, цуклус за човековите, духовните и ликовните вредности, за да не се заборавиме кои сме во оној вртлог на современиот живот. Во таа наскоа ќе творам и на оваа колонија,- рече Валентина Илијевска, графичар.

    Делата создадени на колонијата ќе бидат презентирани на изложба во ноември, по повод Денот на ослободувањето на градот.