×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена народна кујна во Старо Нагоричaне

    30.11.2011 16:18 | KumanovoNews

      Во селото Драгоманце, денеска беше отворена народна кујна. Бесплатни оброци ќе добиваат 30 корисника на социјална помош, семејства со повеќе деца и стари и болни лица кои живејат сами.

    Отворена народна кујна во Старо Нагоричaне

    Храната ќе се подготвува и дели во ученичкиот дом во селото Драгоманце, а ќе се дистрибуира и на пункт во селото Алгуња, поради големата оддалеченост на населените места. Од Министерството за труд и социјална политика планираат да го зголеми бројот на корисниците на народната кујна, поради големата сиромаштија во најголем дел од населението во оваа рурална Општина. Во зимскиот период жителите се отсечени од цивилизацијата со месеци. Проектот се реализира со општината Старо Нагоричане. Ова е 38 кујна што ја отвара Владата за сиромашните семeјства во државата.