Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компанијата Флекс кредит денеска отвари нова филијала во Куманово. Филијалата се наоѓа на улица „11 Октомври“ 9/1, односно спроти централната пошта во Куманово.
Сите граѓани кои имаат потреба од брз кредит можат да ја посетат новата филијала и да ги искористат тековните промоции.
„Финансиското друштво Флекс Кредит нуди повеќе производи од областа на брзото кредитирање и тоа: потрошувачки кредит во износ од 5.000 до 150.000 денари, кредит до плата до 20.000 денари, бизнис кредит од 15.000 до 150.000 денари и бескаматен потрошувачки кредит до 12.000 денари“, соопштуваат од Флекс кредит.
Ова е трета филијала на Флекс кредит во Куманово. Инаку, Флекс кредит ДОО Скопје е присутен на македонскиот пазар 2 години, со над 120 вработени и 50 филијали е една од најбрзорастечките компании во Македонија.
(комерцијален текст)