×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворени “Денови на мед 2013 Куманово“

    26.09.2013 11:28 | KumanovoNews

     На Градскиот плоштад денеска е отворена манифестацијата “Денови на мед 2013 Куманово“ на која мед и пчелни производи изложија десетина пчелари од кумановско и еден од беровско.

    Отворени “Денови на мед 2013 Куманово“

    Саемот го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски кој истакна дека оваа манифестација со 14 години традиција придонела многу за производителите на мед.

    Вредните луѓе од овој регион упорно работат и произведуваат мед и медни производи, природна и здрава храна што најмногу ја сакаат оние најмалите. Ова е производ која има суштествено влијание врз здравјето на луѓето. Поддржувајќи ја оваа манифестација помагаме овие луѓе од малото стопанство, од земјоделството како гранка да одат напред - изјави Дамјановски.

    Пчеларите велат дека целта на овој настан е да се промовира медот како здрава храна, но и да се промовира градот во регионот и пошироко. Пчеларите се пожалија дека годинава временските услови не им се погодија и тоа резултираше со помали количини на мед.

     Имаше некои жолти дождови, потоа ветер кој го суши нектарот. Ова беше една од најлошите години. Во добра година се добиваат од 25 до 30 килограми мед по сандук. Јас располагам со 120 сандуци - рече Бранко Тасевски, претседател на пчеларско здружение “Пчела“.

    Пчеларите објаснуваат дека на почеток почнале со десетина сандаци, а потоа го зголемиле бројот на сандуци, кошници и пчелни семејства.

    Пчеларникот ми е во Стрновац. Имам 80 сандуци. Оваа година беше најлоша во последниве 40 години. Задоволни сме колку да опстанеме, не е многу, но доволно е - вели Милорад Арсовски, пчелар.

    Саемот продолжува утре и ќе се затвори во сабота попладне.