×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворени кафулињата и рестораните во Куманово

    28.05.2020 09:31 | KumanovoNews

    Повеќето од угостителските објекти во Куманово утринава започнаа со работа. Согласно одлуката на Владата тие ќе работат од 8 до 22 часот, со ограничен број на гости и по посебен протокол.

    Отворени кафулињата и рестораните во Куманово

    Сопствениците на кафулињата во Куманово, велат дека засега граѓаните доаѓаат и очекуваат поголема раздвиженост.

    Граѓаните ќе бидат сместени на летните тераси, тие не треба да носат маска во локалите, но ќе вршат дезинфекција на рацете при влезот. За таа намена ќе има и дезинфекциско средства на секоја од масите.

    „Ова а прва ваква ситуација со којашто се соочуваме. За нас можам да кажам дека ги испочитувавме сите протоколи за работа и дека на граѓаните ќе се обидеме да им понудиме најдобра услуга. Од наша страна се прават редовно дезинфекции, персоналот носи заштитни маски, граѓаните можат да се чуствуваат безбедно. Засега има пополнето неколку маси, но очекуваме луѓето да се раздвижат за време на подоцнежните часови“, вели Дамир Вујадиновиќ, сопственик на локалот „Бруклин“ во Куманово.

    Според мерките на владата, на една маса можат да седат двајца луѓе, а на маса каде што ќе седат четворица ќе мора да се членови од исто семејство, но како што вели Вујадиновиќ, најверојатно оваа одлука ќе претрпи измена, бидејќи тие немаат право да ги легитимираат луѓето во локалот, единствено можат да се потпрат на веродостојноста на нивниите зборови.

    (Ф.М)