Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со положување свежо цвеќе на бистата на својот патрон како и организирање на приредба во салата „Панко Брашнаров„ од учениците.
Основното училиште „Магдалена Антова“ во населбата Карпош денеска го одбележа патрониот празник. Со положување свежо цвеќе на бистата на својот патрон како и организирање на приредба во салата „Панко Брашнаров„ од учениците. Учениците за патронатот на своето училиште подготвија рецитал, музички точки и претстава.
Во чест на патронот деновиве реализиравме бројни манифестации. Броиме 1500 ученици од населбата и ние сме едно од најгомите училишта во приградските населби. Во последните неколку години вложени се средства за подобрување на инфраструктурните услови во училиштето , а со изградбата на салата „Панко Брашнаров„ подбрени се спортските резултати на нашите ученици-вели директорот Живко Стојковски.
Училиштето како самостојно основно училиште „Магдалена Антова„ постои веќе две децении, а следната година ќе слави 70 години јубилеј од постоење.