×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Овчар го убил газдата со ловечка пушка

    19.10.2012 15:07 | KumanovoNews

     Драган Михајловски (39) од селото Цветишница го убил својот газда Бобан Величковиќ (41) од Алгуња, а потоа самиот си го одземал животот пукајќи си во главата.

    Овчар го убил газдата со ловечка пушка

    Крвата пресметка помеѓу овчарот и стопанот се случила во маалото Татариновац, синоќа во 21.50 часот во дворот на семејството Величковиќ. Додека Бобан излегувал од полското веце, Драган испукал еден куршум од ловечка пушка и смртно го ранил.  

    Сеуште во шок од она што се случило, членови на семејството велат дека не ја знаат причината зошто Драган се одлучил да посегне по животот на нивниот роднина и тврдат дека меѓу нив немало никакви недоразбирања.

    Ручавме сите заедно, а попладнето син ми и Драган ги поправаа плуговите на тракторот. Се беше во најдобар ред цела вечер и се подготвуваме со женами да си легнеме. Одеднаш слушнавме силен звук до куќата. Помислив дека Драган пука со гасниот пиштол во кучињата и реков на снаа ми да види што се случува, бидејќи Бобан е надвор. Кога излегла го нашла Бобан лежи на земјата облеан во крв на врата на вецето- раскажува Раде Величковиќ таткото на Бобан.

    Домашните веднаш притрчале да му помогнат, но повредите биле фатални. Додека тие се обидувале да го изнесат Бобан во дворот слушнале уште еден истрел. Драган на одалеченост од стотина метри од куќата во блискиот дол си пукал во лицето и починал. Ловечката пушката од која е пукано, Бобан ја поседувал со дозвола, а Драган ја земал од куќата без никој да забележи. Сопругата на Бобан се сомнева дека тој го планирал убиството.

    Јас сум му братучетка и тој живееше кај нас три години. Пред неколку години се запознал со маж ми и се пресели да живее кај нас, бидејќи таму кај што дотогаш чуваше овци му било лошо. Бобан се сожали и го прибра кај нас. На почетокот се беше во ред, но од лани почна чудно да се однесува. Се расправаше и ни ги тепаше децата и сакаше да оди кај други да работи, на што Бобан се спротивставуваше. Да знаев дека куќата ќе ни ја затвори одамна ќе го истеравме- плаче и раскажува сопругата Слаѓана држајќи го во раце тригодишното синче.  

    Извршен е увид на местото на настанот, од каде се подигнати пушката, испуканиот патрон, нож и четири патрони за вештачење. По наредба на Истражен судија телата на починатите се предадени за обдукција. Од  СВР Куманово во тек се мерки за расчистување на случајот.

    Бобан работел како поштар во Старо Нагоричане и има 4 деца.