Овчар каменувал воз
07.07.2014 07:07
| KumanovoNews
Овчар, кој напасувал стока покрај меѓународната железничка пруга Скопје-Белград каменувал патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце.
Инцидентот се случил во саботата во 19.45 часот на просторот помеѓу железничката станица Куманово и селото Табановцe.
При каменувањето нема скршено стакло или повредени патници, но била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај.