Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на утрешниот ден се очекува пад на температурите за 7 до 9 степени, под влијание на влажен бран, а во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со 10 до 20 л/м 2 .
Се очекува и локално невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м 2 ), град и силен ветер (над 60 км/час).
Надлежните препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења , како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.