×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невремето откорна кров на Тоде Думба број 70

    19.08.2024 11:32 | Оливера Пешевска

    Вечерашното невреме и силниот ветар го откорнаа кровот на улицата Тоде Думба број 70. Во становите на највисокиот кат има протекување на вода и материјална штета, а станарите стравуваат дека повторно ќе ги поплави доколку заврне според најавите на метеоролозите.

    Невремето откорна кров на Тоде Думба број 70

    Стамбениот управител ветил дека ќе се состане со станарите.

    „Соседите сношти се договориле да се одржи состанок. Не знам зошто плаќаме кога ништо не се решава со години, подрумот каде имаше пожар во март уште нема струја. Најдобро да го откажеме и да се самоорганизираме, и така сами ги стававме крововите“, коментира В.К. која речиси 50 години живее во зградата.

    Сепак се задоволни што нема повредени лица, ниту пак други оштетувања на објектот или паркираните автомобили.

    Направената материјална штета е голема, а проблемот е сериозен и бара што побрзо решавање.

    Стамбениот управител на зградата  информираат дека се запознаени со ситуацијата, направиле увид во состојбите и моментално бараат начини за решавање на проблемот во договор со станарите. Првиот чекор е да се направи процена на штетата, а следните потези ќе се планираат според добиените податоци. За настанот е информиран Регионалниот центар за управување со кризи, општинскиот кризен штаб и полицијата. Според стамбениот управител штети од невремето се пријавени во повеќе згради на булеварот Октомвриска револуција, каде се поплавени подрумски простории, а има и други објекти каде има протечување на кровот.

    Увид на местото на настанот направиле полициски службеници на СВР Куманово. Процена на направена штета вообичаено прават градежните фирми.

    Зградите се направени кон крајот на 70-тите години на минатиот век, со стаклени плочки на крвот. Со текот на времето започнале да се јавуваат проблеми, па станарите од најгорните спратови сами си ставале покривни конструкции. Во низата на згради крововите се со различна старост, некаде се направени како целина, но некаде секој стан си правел посебен кров, па има по неколку посебни единици.