Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред повеќе од еден месец падна потпорниот ѕид, кој ја држеше оградата на дворот во Агенцијата за вработување во Куманово. Иако за обрушувањето се известени сите надлежните државни и локални служби, освен што местото е обележано со лента, друга заштита нема.
Граѓаните и жителите од околните згради бараат побрзо да се санира ѕидот, за да не се прошири свлечиштето кон улицата.
„Оваа е многу фреквентно место, а порозноста не земјиштето постојано се зголемува. Можни се нови поткопувања и свлекување, потребна е побрза реакција од одговорните лица. Падна кога врнеше многу дожд. Не знам кој треба да го поправи ама мора да побрза. Не може вака да стои додека не се случи некоја поголема беља, и потоа сите да се оградуваат дека не е во нивна надлежност“, реагираа неколку минувачи.
Причина за обрушувањето на ѕидот и оградата е притисокот што го трпеле по поставувањето на бекатон плочките на тротоарот. Тие служела како потпорен ѕид, иако не биле изведени градежни работи за негово зацврстување. Тука секојдневно се паркираат автомобили кои прават дополнителен притисок .
„Известени се службите на Општина Куманово, затоа што тоа е јавна површина и оградата практично служеше како потпорен ѕид. Забот на времето си го направи своето, но притисокот на кој непрекинато се изложени го предизвика падот. Тука всушност имаше свлечиште кое ја повлече и ја кутна нашата ограда. Очекуваме комуналните служби од општината да реагираат, да се направи нов потпорен ѕид“, изјави Марија Димитриевска, раководителка на Центарот за вработување-Куманово.
Покрај распаднатиот ѕид и превртената метална ограда, секојдневно поминуваат деца од Основното училиште „11 Октомври“, и тоа причина повеќе побрзо да се поправи или заштити.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk