“Панче Пешев“ настапи на Републичка смотра во Охрид
07.11.2014 15:15
| KumanovoNews
Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев„ учествуваше на Републичката смотра на фолклорните ансамбли на Македонија, која се одржа во Охрид.

“На смотрата учествуваа ансамбли од повеќе градови, претставувајќи го фолклорот и традицијата од својот регион. КУД “Панче Пешев„ се претстави со сплет на игри и песни од кумановскиот крај и успешно го презентираше нашиот град, фолклорот и традицијата од нашиот регион“ - вели Мирослав Крстевски, уметнички раководител и претседател на друштвото.