×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    „Панче Пешев“ учествуваше на Меѓународен фолклорен фестивал во Велико Трново

    05.08.2022 10:50 | Сузана Николиќ

    КУД „Панче Пешев“ од Куманово минатата недела учествуваше на Интернационалниот фолклорен фестивал во Велико Трново, Бугарија. Фестивалот траеше пет дена, а кумановските играорци одржаа повеќе концерти и ја пренесоа македонската култура и фолклор пред бугарската публика.

    „Панче Пешев“ учествуваше на Меѓународен фолклорен фестивал во Велико Трново

    „Фестивалот се одржа во летниот театар во Велико Трново од 23 до 28 јули. Посетеноста беше одлична и публиката уживаше во настапите на гостите и домаќините. Членовите на КУД „Панче Пешев“ се вратија со многу позитивни впечатоци и нови пријателства. Културата, фолклорот, музиката и песната се тие кои ги зближуваат народите а фолклористите се покажаа како вистински амбасадори на нашата земја. На овоj фестивал учествуваме по трет пат“, вели Мирослав Крстевски, претседател на друштвото.

    Фестивалот  се одржаува по третпат, а учествувале групи од Египет, Мексико, Мароко, два ансамбла од Грузија, Турција, Македонија, како и повеќе ансамбли од Бугарија. 

    Играорците еден ден беа гости и на Меѓународниот фолклорен фестивал во Добрич.

     

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk