Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка тројца полицајци од СВР Куманово се санкционирани поради сторени повреди во работењето.
Поради пречекорување на службените овластувања, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР, парично се казнети полициските службеници М.Е., Л.П. и Ж.М..
М.Е. помлада референтка за лични карти во СВР Куманово, во компјутерска евиденција внела невистинити податоци и добила парична казна во износ од 20% од месечната плата во траење од шест месеци.
Л.П. полициски службеник во полициска станица Куманово, оневозможил полициски службеник да преземе соодветни мерки и во наредните три месеци ќе му се одбива од платата по 15% .
На Ж.М. полициски службеник во полициска станица Куманово, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец, бидејќи бил под дејство на алкохол за време на работа.