Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изминатава недела поведени се дисциплински постапки и казнети се двајца полицајци од граничниот премин Табановце.
На полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка парична казна во висина од 15 отсто од месечната плата за еден месец, затоа што непристојно и дрско се однесувал кон хиерархиски надреден работник.
Со иста мерка е казнет и негов колега, бидејќи дозволил влез во РМ на албански државјанин кој управувал автомобил со италијански регистарски ознаки, без да утврди дали поседува одобрение за управување со туѓо возило.
На ниво на држава донесени се 18 дисциплински мерки против вработени во Министерството за внатрешни работи, поради неправилности во работењето.