Партиите добија реден број на гласачкото ливче
03.04.2014 15:54
| KumanovoNews
Во Државната изборна комисија во Скопје денеска беше извршено жребање за редоследот на гласачкото ливче за вонредните парламентарни избори.

Под број еден ќе биде СДСМ, под број два ДПА, број три Достоинство, број 4 ДУИ, со број 5 е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Под број 6 е НДП, НДМ го доби бројот 7, ГРОМ е под 8, со број 9 е АПМ, ВМРО-НП го доби бројот 10, СДПМ е на 11 позиција, ПЕП 21 е под реден број 12, ПДП - 13 и ПЕИ е под број 14.
Вкупниот број е 14 листи на пратеници, од кои пет коалиции и девет партии.