Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Алијанса за Албанците на локалните избори ќе излезе со кандидати за градоначалници и сопствени советнички листи, кажа денеска лидерот Арбен Таравари, при посетата на Куманово.
Во однос на обвинувањата на неговите колеги од Вреди дека треба да ја напушти коалицијата, тој апелираше на внимателност, разумност и рационалност во периодот што следи.
„Јас во овој период не сакам да давам прогнози и да предвидувам, гледам што е пооправдано за да донесуваме одлуки. На крајот на краиштата, доколку ВЛЕН се одлучи на тоа што го кажуваат последните 4- 5 дена, ние како политичка партија ќе ги видиме нашите опции за нашите кандидати кои ќе бидат за градоначалници. Не мора да значи дека евентуалното излегување од коалицијата ќе значи излез и од Владата, владата ја прави премиерот. Не може никој друг да каже освен тој што формира влада“, заклучи Таравари.
Тој нагласи дека разговарал и повторно ќе разговара со премиерот, но доколку Мицкоски смета дека Алијанса за Албанците не треба да биде во Владата, тие немаат никаков проблем.
И покрај самостојното излегување на избори тој смета на политичка поддршка од ВМРО- ДПМНЕ, а истото им го понудиле и на коалиционите партнери од ВЛЕН.