×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Патната инфраструктура приотитет во Старо Нагоричане

    20.03.2012 15:05 | KumanovoNews

     Општина Старо Нагоричане ќе одови 8 милиони денари за изградба, одржување и реконструкција на патната инфраструктура.

    Патната инфраструктура приотитет во Старо Нагоричане

    За дел од патиштата, локалната власт ќе бара средства од Владата, а за дел ќе добие донации од бизнисмените.

    "Приоритетно за нас е довршување на патните правци кои ги започнавме минатата година, а кои треба да ги завршиме годинава. За еден месец се очекува да биде пуштен во употреба патниот правец кон село Бајловце во должина од 4 километри, а палнирано е и довршување на патот од селото Стрезовце"- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    Во 2012 година ќе се доизградат патиштата кон селата во кои има помладо население, но нема да бидат запоставени ниту патиштата кон планинските села кои ќе се тампонираат.

    "Доколку од бизнис заедницата покажат интерес за изградба на нови производни капацитети, тогаш Општината ќе им излезе в пресрет со проект за изградба на патен правец"- додава Јовановиќ.

    За изградба, реконструкција и оддржување на патиштата кои ја врзуваат општината Старо Нагоричане со соседните општини, ќе се бараат средства од Агенцијата за патишта.