Пазарна инспекција:Да не се продава алкохол по 19 часот
02.10.2015 08:10
| KumanovoNews
На сите вршители на трговска дејност кои имаат лиценца за продажба на алкохол согласно Законот за трговија, им се забранува продажба на алкохолни пијалоци од 19 до 6 часот, од денеска па се до 30 април следната година.
Сите угостителски објекти треба да се придржуваат кон одредбите на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење во делот на почитување на работно време, забрана на точење алкохол на малолетници и забрана за пушење на тераси кои се преградени на несоодветен начин.
Истовремено од Државниот пазарен инспекторат информираат дека во периодот од 1 мај до 30 септември годинава, забраната за продажба на алкохолни пијалоци беше од 21 до 6 часот наредниот ден.

